20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Директорот на хотелот Риџопиано претчусвтувал дека ќе се случи нешто лошо

Директорот на хотелот Риџопиано, Брун ди Томасо имал претчусвто дека со лошите временски услови, може да дојде до катастрофа, поради што навремено ги известил службите.

Во маилот испратен градоначанилкот Фариндоле и шефот на полицијата, има предупредување дека гостите се во паника и сакаат што е можно побрзо да заминат, поради што е потребно да биде исчистен патот.

„Во регионот „Риџопијано“ снегот е висок околу два метри, додека ние имаме 12 поелни соби, без персонал. Телефоните не работат, имаме потреба патот да биде чист“, стои меѓу другото во маилот.

Досега за мртви се прогласени шест лица, додека 23 се водат за исчезнати. Лавината која го покри луксузниот хотел била со брзина од 100 километри на час и тешка 120.000 тони.

поврзани објави

Последни објави