fbpx
16.8 C
Skopje

Озил ги одбирал натпреварите на кои ќе игра? Венгер одговара

АКТУЕЛНО

Францускиот стратег ги негира шпекулациите дека еден од најдобрите фудбалери во редовите на Арсенал има посебен статус во тимот.

Арсен Венгер, запрашан за тоа дали Месут Озил, кој ги пропушти петте меча за Арсенал во низа во Премиерлигата, ги одбира и одлучува за тоа на кои натпревари ќе игра, а на кои не, рече дека Германецот имал желба да игра во мечот против Барнли на домашен терен кој Топчиите го добија убедливо со 5-0.

Тој сакаше да игра во неделата, тоа беше натпревар во кој беше уживање да се игра“ рече Венгер, откако на оваа тема реагираше Мартин Кион, поранешниот фудбалер на Арсенал кој за „BT Sport“ го отвори ова прашање.

Озил се огласи по прашањето дали ќе настапи на Светското првенство кое идниот месец се игра во Русија, Германецот истакна дека е сигурен дека ќе биде опоравен од повредата дотогаш.

Извор: 24Фудбал

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -