-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

25 мали нешта кои нè прават посреќни

Кои се тие мали нешта што можат да не направат посреќни? Секој од нас може да именува барем 10 работи кои ни носат повеќе среќа.

1. Чувствувањето на сонцето на нашето лице.

2. Кога некој ни кажува „благодарам“ или  ни помага некој странец.

3. Кога ќе најдеме пари.

4. Чувство на олеснување откако ќе се истушираме.

5. Мирисот на свежо направеното кафе, чај или капучино.

6. Мирисот на косената трева.

7. Чувството откако ќе изедеме парче чоколадо.

8. Моментот кога зборуваме или играме со домашното милениче.

9. Чувството дека е петок.

10. Релаксирачката масажа по топла бања.

11. Виножитото на небото, и ако е двојно, чувството е уште поневеројатно.

12. Кога спортуваме.

13. Пливањето на море, езеро или базен.

14. Мирисот на ново купената книга.

15. Вкусот на убава чаша вино.

16. Мирисот што го чувствуваме по пролетниот / летниот дожд.

17. Спиењето на нови чаршави.

18. Гледањето на омилениот филм / серија.

19. Прекрасно пролетно-летно небо, неверојатно сино со бели облаци тука и таму.

20. Времето кое е само за нас.

21. „Заразното“ смеење од некое детенце.

22. Вкусот на омилената храна што сами сме  ја подготвиле.

23. Моментот кога ќе се прегрнеме со нашиот/та сакан/а на каучот.

24. Кога донираме или помагаме на некој што има потреба.

25. Кога ќе најдеме „заборавени“ пари во чантата, фармерките, јакната…

Извор: Трибуна.мк

поврзани објави

Последни објави