0.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Кражба во манастирот „Свети Пантелејмон“

Арамии ограбиле две црковни ѕвона изработени од месинг, кои заедно тежеле 140 килограми и биле сместени на камбанаријата во манастирскиот комплекс „Свети Пантелејмон“ во кочанското село Пантелеј.

Кражбата била извршена во периодот од 20 до 21 јануари, а случајот во кочанската полиција вчера бил пријавен од страна на домаќинот на црквата.

Двете ѕвона имаат огромна вредност, ако се знае дека датираат од 1871. година, кога всушност и била изградена црквата „Свети Пантелејмон“. МВР работи на расчистување на случајот.

поврзани објави

Последни објави