14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Грузиец уапсен кај Демир Капија поради шверц на мигранти од Авганистан

Поднесена е кривична пријава за државјанин на Грузија кој минатата година бил осомничен за шверц на мигранти, но при обидот да се уапси се дал во бекство, се до вчера.

На лицето К.А. на 29-годишна возраст од Грузија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење на мигранти“ му е поднесена кривична пријава

На 02/03.02.2016 година пријавениот прифатил и со ТМВ – комби „Мерцедес“ превезувал три лица од Авганистан. Пријавениот ги прифатил лицата во близина на Гевгелија со намера да ги превезе до Куманово.

Кај тунелите кај  Демир Капија истиот не застанал на дадениот знак за запирање од страна на полициски службеници, по што ги оставил мигрантите и возилото и пеш побегнал од местото на настанот. Од преземени мерки било потврдено дека се работи за пријавеното лице.

поврзани објави

Последни објави