fbpx
7.8 C
Skopje

Најлошото од Холивуд: Објавени номинациите за Златна малина

АКТУЕЛНО

Комедијата “Zoolander 2” со Бен Стилер и блокбастерот “Бетмен против Супермен“ со Бен Афлек освоија најмногу номинации за Златна малина, награда која се доделува на најлошите филмски остварувања во претходната година.

Филмовите “Dirty Grandpa“ со Роберт де Ниро, “Gods of Egypt“ и “Idenpendance Day: Resurgence“ се наоѓаат помеѓу фаворитите во категоријата најлоши филмови.

Де Ниро, Џералд Батлер, Афлек, Стилер и Хенри Кевил се номинирани во категоријата најлоши глумци.

Додека за најлоши глумици се номинирани Меган Фокс за улогата на новинарка во прдолжението на филмот “Нинџа желки“, Џулија Робертс , Наоми Вотс и Шајлин Вудли.

Златна малина се доделува од 1980 година, а номинациите ги вршат 1000 членови на Фондацијата “Златна Малина“.

 

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -