СДСМ информираше дека засега се избришани 35 прислушкувани разговори од нивниот Јутјуб канал, кои исто така беа познати и како „бомби“ во јавноста.
Од таму информираат дека често имало приговори за бомбите, но ова прв пат се случува, а како причина се наведува дека во видеото „има содржини на OMD Network“, а тоа автоматски значи и блокирање на страните за авторски права.
Токму преку преслушкуваните разговори цела јавност дозна дека власта зад себе има огромен криминал, а лидерот на СДСМ „бомбите“ ги предаде на Специјалното јавно обвинителство, кое пак започнува истраги кон прекршителите на законот.