3.8 C
Skopje
Friday, December 13, 2024

Карпош Соколи ги освои кошаркарските срца на многумина ширум Балканот

Македонскиот дебитант во АБА лигата, тимот на Карпош Соколи со сигурнот ќе добие огромен број на поддржувачи на Балканот, по потегот кој го направи нивната управа.

Претседателот на тимот, Огњен Дедиќ и градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски му помогнале на поранешниот кошаркар Слаѓан Стојковиќ во лекување, па така поранешниот славен кошаркар во следните 40 денови ќе остане во Скопје, каде покрај другото има обезбедено и смештај и исхрана во ресторан.

Стојковиќ е близок пријател со Драган Николиќ, актуелниот стратег на „соколите“, па често тој во слободно време ги има посетувано на натпреварите од Регионалната лига. Стојковиќ пред шест години се бореше со тешка болест, успевајќи да ја победи. Но, за жал таа се вратила, па за тоа ќе биде потребна и дополнителна операција.

Сите кошаркарски работници на Балканот се обединија да му помогнат. А самиот Стојковиќ истакна дека сака да биде далеку од јавноста, во моментите кога тој води битка за животот.

поврзани објави

Последни објави