3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Трговците на оружје од „Албанската зделка“ осудени во Бугарија, Македонските институции со молк за ова прашање! ЗОШТО?

Трговците на оружје од “Албанската зделка“

Шверцерите се движеле преку три балкански држави

Овој скандал излезе на површина за време на југоембаргото кога се водат војни меѓу републиките во бивша Југославија, а последиците од него се присутни и ден денеска. Оние кои се запознаени со оваа состојба објаснуваат, дека на времето зделката е направена со учество на македонските, бугарските и српските тајни служби, како и со помош односно директно учество на полковник од Албанија. Таа операција, при која се изнесени 100 минофрлачи, 250 снајпери „Драгунов“ и 1000 мини за близу 700 000 долари, е всушност класичен државен контрабанден канал. Особено скандалозно во оваа приказна, е дека во неа учествуваат тајните служби на неколку држави, меѓу кои и онаа на Република Македонија, при што истите преминуваат токму преку Прешево во Македонија. Нешто повеќе, се чини дека тие ја преминуваат најспокојно границата на соседна Бугарија, Македонија и Србија под строг надзор и обезбедување на полициските сили.

По документите оружјето патува за Албанија. Оружјето се истоварува од шлепери во Скопје. Во Бугарија се враќаат празните камиони, а доларите од зделката остануваат за военото министерство. Може само да се нагаѓа за тоа во кој џеб истите завршиле. Инаку договорот за оружјето е склучен од директорот на “Трговија“ и снабдување во министерството за одбрана на Република Бугарија Валентин Попински и директорот на албанската фирма “Меико“. Превезувач на опасниот товар пак е угледната фирма “Видеомакс“ на Марио Стоичков.

Покасно излегува, дека албанската влада не дала дозвола на никого да замине во Бугарија и да потпишува договор. Потоа, станува јасно уште, дека оружјето со авион заминува во неизвесна односно непозната насока. Потоа авионот наводно се оштетил над Босна. Слетал во слободна територија и таму биле растоварени минофрлачите, мините и снаиперистичките пушки. Со други зборови, зделката не била со Албанија, туку бугарско – српска и од неа се офајдиле определени луѓе во тајните служби.
Сето тоа се случува за време на југо-ембаргото. Наводно мерките на границите биле многу строги, но јавна тајна се караваните од автоцистерни, придружувани од полициски автомобили до границата, вагоните на возот натоварени со гориво за Србија, бродовите, кои шверцерите преку Бугарија ги испратиле до пристаништето Прахово. Се знае, дека основните играчи во шверцерите се некогашните (денес покојни) шефови на ВИС, како и ИВО Карамански. Но место има за сите…

Во тој период на нарушени позиции за време на југо-ембаргото е и албанската зделка со оружје. Државата губи стотици милиони евра од тие афери. Никој не си прави илузии, дека е можно било какво остварување на една ваква зделка без учество на контрола на луѓето од највисоките претставништва на власта. Се смета, дека аферата е поддржана лично од тогашниот главен обвинител Иван Татарчев, прв пријател на сите оние кои имаа моќ и власт во државата во Бугарија во тие години. Преку Бугарија освен горива засилено преминуваат и пратки со оружје за Босна од Русија, Украина и други бивши светски републики. „Албанската зделка“ е во тој контекст. Како што е редот, учесниците во неа започнуваат дело, кое трае до 2012 г. Трите од нив се началникот на „Снабдување и трговија“ во военото ведмоство Валентин Попински, неговиот заменик Стојан Цаков и Николај Николов од тогашната Национална служба „Сигурност“. Тие не имале никакво разрешување од военото министерство за зделката. Четвртиот е Марио Стоичков кој е единствениот помагач како превезувач на оружјето. Тој требало да одговара и за плаќањето на оружјето. Официјалната верзија е, дека ги зел парите, ги ставил во колата, но на границата му биле одземани! По зделката тој е следен од Интерпол, и потоа брзо се изнесува во Чешка. По 17 години влечење во судовите четворицата се осудени од 15 до 25 години затвор. Се поставува прашањето: Зошто во Република Македонија никој нема покренато постапка или истрага за овој случај, каде што очигледно е јасно дека низ територијата на нашата држава, била транспортирана огромна количина на оружје во која според пишувањата на бугарскиот весник “Викенд“ учествувале и претставници на властите во Република Македонија, Бугарија и Србија, како и Албанија.|

Преведено од еден од познатите бугарски весници „Викенд“

поврзани објави

Последни објави