2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Деветгодишно дете ги храбрело своите врсници додека биле затрупани од лавина

Едно од преживеаните деца во трагедијата која се случи минатата среда во Италија, откако лавина со снег затрупа хотел во местото Мариндола, било вистински херој, помагајќи им на другите деца со раскажување на приказни од „Дизни“.

Оваа трогателна приказна за малиот херој Едуардо ди Карло кој е на возраст од само девет години, се дозна по разговорот на психолозите кои им помагаат на децата да се опорават од траумите кои ги доживеаја.

Едуардо целовремено ги гушкал и уверувал дека ќе биде добро децата кои биле заедно со него затрупани во рушевините на хотелот. Децата цели два дена биле заробени во ладна просторија без храна и вода.

Родителите на малиот Едуардо не успеале да ја преживеат оваа трагедија, па за него ќе се грижат неговите постари браќа. Според информациите засега бројот на жртви изнесува 18, а на преживеани 9. Спасувачките екипи трагаат по уште 11 гости кои во тоа време биле во хотелот.

поврзани објави

Последни објави