31.8 C
Skopje
Thursday, July 25, 2024

Повредата е минато: Кузмановски се враќа на терените

Ракометниот репрезентативец на Македонија и играч на Металург, Филип Кузмановски, конечно закрепна од повредата и со полна пареа тренира со остатокот од екипата.

Кузмановски се повреди кон крајот на ноември минатата година, откако се здоби со зкршеница на раката, а тоа го оневозможи да и помогне на селекцијата на Светското првенство во Франција.

По враќањето на Лино Червар од репрезентативната должност, тимот на Металург ги започна подготовките за летниот дел од сезоната, а првиот дуел ќе го имаат против Веспрем на гостински терен на 4 фебруари во рамки на СЕХА Гаспорм лигата.

поврзани објави

Последни објави