Денеска претставници на порталите „Поглед“ и „Трибуна“ на донациска сметка на детската болница во Козле ги уплатија средствата собрани на неодамнешната хуманитарна акција која што беше организирана од двата медиуми. Хуманитарната акција се одвиваше во периодот од 28 јуни до 1 јули во City Mall.
Порталите „Поглед“ и „Трибуна“ ја изразуваат својата голема благодарност до сите што донираа и до луѓето кои несебично помогнаа да успее оваа хуманитарна акција. Посебна благодарност упатуваме до : Ликовните уметници Гордана Винчиќ и Игор Љубовчевски- Љубац,
актерката Јелена Мијатовиќ, Даниел Кајмакоски, DJ-Тина мицковска, Replay Band и љубезните домаќини од City Mall.
Oсобена благодарност до фирмата Тотал ТВ која го финансираше озвучувањето кое беше потребно за сите музички активности во текот на 4-те дена дури траеше хуманитарната акција, Кожувачанка Кавадарци кои донираа освежителни пијалоци за луѓето кои донираа за Институтот по белодробни заболувања во Скопје.