Убавата американска актерка и еден од членовите на Советодавниот совен на Консултативниот совет за заштите на животните, Памела Андерсон откри дека на првата дама на САД, Мелани Трамп ќе и подари палто од еко кожа.
„На првата дама на САД, Мелани Трамп ќе и испратам една од моите руски палта, кои се од еко кожа, а дизајнирани во Русија“, изјави Памела Андерсон.
Андерсон е голем борец за правата на животните, особено против употреба на нивната кожа за облека. Често е дел од добротворни кампањи и член на повеќе организации кои се борат токму против злоупотеба на животните.