fbpx
13.8 C
Skopje

Јувентус го елиминираше Милан, Селта Виго со лекција за Реал Мадрид

АКТУЕЛНО

Денес се одиграа дуели од Куповите во Шпанија и Италија, по што се познати дел од учесниците во полуфиналето. Таму нема да бидат Реал Мадрид и Милан.

Во најинтересниот четвртфинален натпревар во Купот на Италија, тимот на Јувентус го елиминираше Милан, победувајќи го со 2:1. Во првиот дел за „старата дама“ погодија Дибала и Пјаниќ, додека поразот за „росонерите“ го ублажи Бака.

Во полуфиналето Јувентус ќе игра против Наполи, кој пак синоќа беше подобар од Фиорентина со 1:0. Во преостанатите два четвртфинални натпревари се среќаваат Интер – Лацио и Чезена – Рома.

Драматично беше и во Купот на Кралот, каде Селта Виго направи сензација елиминирајќи го Реал Мадрид. Во првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ Виго славеше со 1:2,  додека во реванш средбата немаше победник, средбата заврши нерешено 2:2. Селта Виго двапати имаше предност, додека „кралевите“ во самиот финиш избегнаа пораз, кој сепак значеше елиминација од Купот во Шпанија.

Пласман во полуфиналето обезбеди Алавес, по победата над Алкорон со вкупни 2:0. Атлетико Мадрид беше подобар од Еибар со севкупни 5:2, додека по еден одигран натпревар, Барселона има предност од 1:0 во однос на Реал Сосиедад.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -