Среќен крај на операцијата за спасување на 12-те тајландски момчиња и нивниот 25 годишен тренер по фудбал, кои беа блокиранинад 2 недели во пештера. Спасувачите ги извадија денеска и последните двајца луѓе од пештерата – 11-годишното момче и тренер на фудбалски клуб.
Иако ризикот беше голем, веќе подолг период екипите се обидуваа да ги спасат, а по 3 дена интензивно вадење, денес конечно пристигнаа добри вести дека сите се спасени од поплавената пештера.
Ова е една од најинспиративните спасувачки мисии на која светот е сведок и за која е благодарен.
Последните извадени момчиња од пештерата моментално се пренесуваат со хеликоптер до болница, а насобраните луѓе одоздола аплаудираат за успешната мисија.
Операцијата се спроведе при исклучително сложни и тешки услови, откако децата требаше да поминат растојание од 3,2 километри, што вклучување пливање под студена и матна вода со тесни подводни излези и скали.
Во спасувачката мисија учествуваа повеќе од 100 луѓе.
Останатите момчиња кои претходно беа спасени се чуваат во изолација за да не им се пренесе некоја инфекција, но според изворите, се вели дека биле среќни и радосни што се ослободени, а секако чувството на родителите и блиските на овие деца не се опишува.