Според фенг шуи верувањето, постојат повеќе причини зошто во домот често имате караници и несогласувања со најблиските, една од нив се предметите кои непотребно ги чувате дома.
Стар календар – Се верува дека доколку во домот имате стари календари, пожелно е што побрзо да ги исфрлите. Гледањето назад, кон старата година и старите датмуи може да предизвика несреќа во вашиот живот.
Столчиња за лулање – Доколку во домот имате столчиња за лулање, кои се празни, можат да значат повик за злите духови, кои секојдневно би можеле да доаѓаат во вашиот дом.
Суво цвеќе – Суво цвеќе односно изумрено цвеќе не треба да биде дел од вашиот дом. Според фенг шуи, во домот не треба да чувате таков вид на цвечиња, затоа што тоа може да носи несреќа.
Кактус – Многу семејства чуваат кактус, која е една од најпопуларните билки за домашни услови. Не е тешко за одржување, но според правилата на фенг шуи, во домот не треба да чувате билка која на себе има трње, а исклучок од тоа се само розите.
Скршен часовник – Што и да чувате во домот, тоа не треба да биде скршено или оштетено. Ова особено важи за часовниците, бидејќи со скршен часовник во домот, ќе значи и лоши случувања во иднина.