17.8 C
Skopje
Tuesday, November 5, 2024

ФОТО: Вистински парадокс, близначки – едната црна, другата бела

Двете мали близначки од американскиот град Илиноис го свртеа вниманието кон себе, откако на социјалните мрежи беше објавена фотографија на која се гледа како двете имаат различна боја на кожата.

Нивната мајка, инаку белкиња, Витни Мејер има 25 години, додека нејзиниот партнер е афроамериканец, Томас Дин. Интересно е тоа што шансите да се родат близнаци со различна боја на кожата се 500:1.

Овие две дечиња, едната Калани, другата Јарани се голема поддршка за своите родители, кои пред две години го изгубиле својот единствен син Правијн, кој несреќно се удавил.

„Тие две се сосема различни. Јарани не сака многу да се движи. Ужива да ја носите во раце и обожава да јаде. Калани пак е гласно дете, кое само лази наоколу и воопшто не останува мирна“, изјави мајката Витни.

поврзани објави

Последни објави