Во еден од луксузните ноќни клубови во Хрватска, Јелена Розга во Четврток вечерта го претстави својот нов, трет албум „Модерна жена“. Дојдоа да ја поддржат бројни гости и пријатели, а најголема насмевка имаше во прегратката на нејзиниот дечко Стјепан Хаусер.
Концертната промоција на Јелена дојдоа да ја гледаат и поддржат и нејзините долгогодишни соработници, брачниот пар Хуљич со нивната ќерка Хана, Мирослав Чиро Блажевич, глумицата Катарина Бабан, популарната пејачка Данијела Мартинович и бројни други.
Јелена ја доби поддршката и од нејзиниот бенд кој ја придружуваше и кој помогна овој настан да се претвори во луда и незаборавна журка. Јелена за овој настан ја одбра впечатливата црвена боја за својот фустан. Нејзината соработничка Хуљич истакна дека е особено задоволна и е посебно драго што албумот „Модерна жена“ петта недела по ред е најпродаван во Хрватска.