Вистинска драма се случувало во куќа во Дебар, каде седумгодишно дете го проболо својот 14. годишен брат со нож, по кавга за тоа кој да игра на компјутерот.
По неколку часа, детето било префрлено во дебарската болница, а поради сериозноста на повредите, било однесено со Брза помош на Клиниката за детска хирургија во Скопје.
„Детето моментално е во стабилна состојба. Кај него се констатирани повреди со остар предмет во грбот и едниот бубрег. Одредена му е соодветна терапија“, истакнаа од Клиниката.
Целата ситуација настанала рано наутро, околу 9 часот, кога во домот на Б.А. во дневната соба помладото братче го проболо поголемото, инаку браќа по мајка.