14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Народот ќе се спротивстави на Сорос

ВМРО-ДПМНЕ денес со соопштение за Сорос и неговто дејствување.

СДСМ/СОРОС беа поразени во Македонија. Народот на демократски избори ја порази нивната политика на насилство, деструкција и кризи. Сорос беше поразен и во САД. Сведоци сме на обидите вандализмот на СОРОС да стане секојдневие во повеќе земји. Тоа веќе не минува. Граѓаните ги прочитаа скапо платените револуционери. Чадорот веќе не може да ги сокрие и заштити.

„СДСМ е одработувачот на сценаријата на СОРОС, а тие се негови финансиери. Сега сме сведоци на обид нови 9.5 милиони евра да се делат од касата на СОРОС/СДСМ во Македонија. Секој обид овие средства да се употребат за подривање на нашиот правен и уставен систем ќе наиде на соодветен одговор. Народот ќе се спротистави на хулиганите на СДСМ/СОРОС доколку помислат да го реализираат нивното деструктивно сценарио.

Хулиганите на СДСМ/СОРОС преку насилните протести во Скопје, кои на ист начин беа финансирани, повредија 50-тина полицајци и предизвикаа штети тешки милиони евра. Народот својата волја ја искажа на демократски избори. Десороизацијата е неизбежна. Узурпацијата и заложништвото на граѓанскиот сектор и демократијата мора веднаш да прекине. Аболицираниот криминалец Заев заедно со своите пајташи од СДСМ и хулиганите од СОРОС заминува во историјата. Граѓаните не дозволуваат манипулација и деструкција“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави