27.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Ахмети на консултации со раководството на ДУИ: Да се прифати или не, коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во моментот е на средба со најтесното раководство на партијата, на која се разговара за можната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и формирање на влада.

Во седиштето на ДУИ во Мала Речица, попладнево се собираат функционери, кој според информациите поединечно се среќаваат со Ахмети. Засега сеуште не е закажано централно претседателство, а од „24 Вести“ информираат дека конечниот исход ќе се знае најдоцна до утре.

Од извори блиски до телевизијата информирале дека мнозинството на функционери на ДУИ се против коалиција со Груевски, чиј мандат за формирање на влада истекува во недела.

поврзани објави

Последни објави