3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

(ВИДЕО) Синот на Лепа Брена по 17 години проговори за киднапирањето

Младиот Стефан доживеа ужас, кој никогаш докрај не е разрешен, што е најболната рана на неговата мајка и целото семејство.Како што Лепа Брена повеќе пати изјави, најдраматичен и најтежок момент во неговиот живот, и животот на целото семејство беше нгеовото киднапирање.

17 години подоцна, Стефан Живојиновиќ за прв пат го прокоментира немилиот настан, а позитивен став за овој млад пејач може да биде за пример.

„Се што треба да се случи е да се гледа на позитивната страна. Се што сватив е дека треба да уживам секој ден, затоа што никогаш не знаете што може да ви се случи. Не сакам да зборувам за тоа, не затоа што имам трауми, одамна ги преживеав, туку доаѓам во емисија за да луѓето ме жалат… „Јао види го, јаден, што му се случи…“, со насмевка изјави Стефан.

Да потсетиме, Стефан Живојиновиќ беше киднапиран на 23 ноември 2000 година, пред семејниот дом. Киднаперите тогаш од Брена и Боби побараа 2,5 милиони марки, за да го вратат синот, а до ден денешен, не е официјално соопштено кој го киднапираше Стефан, и по чиј налог.

„И јас сум мирољубив, но со фактот дека не се откриени киднаперите на мојот син, не можам да се помирам. Тоа ме били и јаде, затоа што во прашање е правен случај без преседан и секој норамален човек на мое место би се чувствувал така“, изјави во една прилика Лепа Брена.

Екипата на српски Телеграф пред неколку дена го посети Стефан во семејниот дом. Колку тој беше љубезен и како изгледа кај него во куќата, погледнете во снимката подоле:

поврзани објави

Последни објави