-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ИНТЕРВЈУ со Нонковиќ: ВМРО-ДПМНЕ е единствена македонска опција, односно македонскиот гласач!

Дописникот на МИА од Брисел, Бобан Нонковиќ во разговор со ПОГЛЕД.МК зборува за можните варијанти околу новата влада, СЈО, што и колку промена за Македонија може да донесе изборот на Трамп за претседател на САД.

Што значи изборот на Трамп како претседател на САД, за Македонија, за односите меѓу Македонија и нејзините соседи, Бугарија, спорот околу името со Грција?

Изборот на Трамп е победа на слободниот свет, значи ослободување од светскиот полицаец и ослободување од воопшто стегите кои воедно политичкиот естаблишмент од Америка ги воспостави буквално на секаде низ планетата, во однос на Република Македонија многу е важен изборот на Трамп бидејќи се работи за човек кои најпрво има за цел да ја ослободи Америка од воено-политичкиот естаблишмент, а тоa меѓудругото значи директна конфронтација со Џорџ Сорос, кој пак како надворешен играч на едно крило на централно разузнавачката агенција ЦИА, влијаеше директно врз разнебитување на македонското општество и не криејќи го тоа и во деведестетите години воопшто, во обидот да ја уништи Република Македонија и таа да не постои. Конфронтација на Трамп со Сорос се разбира дека и носи ведро небо на Република Македонија во ослободувањето од стегите и заканата таа повеќе да не постои, а кога станува збор за односите на Република Македонија со соседите е самото тоа што Трамп најави дека ќе се редефинира најверојатно и НАТО и дека неговите односи, односно односите со соседите далеку повеќе ќе се олабават, веќе пропаѓа и трансатланскиот трговски партнерски договор. Едноставно буквално сите марионетски фигури кои и тоа како ги има како на челни места на земјите членки во Европската Унија, така и во сите институции во Европската унија, нема повеќе да бидат играни од страна на американската администрација која сега е под раководство на Трамп и буквално тие со време се разбира тоа, нема веднаш, ќе ги олабават стегите кои и ги прават и на Република Македонија со цел земјата да ја дешармира самата по себе, туку буквално да ја кризираат до момент на топење односно распаѓање.

Албанците се покажаа „големи“ во нивната игра, испорачаа големи барања. Течат преговорите. Али Ахмети одржа средба и со Груевски и со Заев. Која е вашата проценка? Кој ќе ја формира следната влада, ако се земе во предвид дека Груевски јасно стави до знаење дека нема да ја прифати платформата на Албанските политички партии кои кажаа дека двојазичноста и исполнувањето на платформата е единствената основа за состав на идната влада?

Најпрво, таканаречената Албанска платформа не е дело на албанските политичари во Македонија, туку истата е создадена во тие „шпиунски подруми“ на дел од негативната филозофија на ЦИА во Америка, и истата беше всушност со цел да се направи дополнителен притисок и дополнителна забуна во македонското општество, а се со цел како ефект да има нови внатрешни судири кои би довеле и на крајот до завршната цел на креаторот на сите негативни сценарија во Македонија, а тоа е распаѓање македонската држава. Таканаречената Албанска платформа всушност неможе да се реализира ако нема двотретинско мнозинство во македонскиот парламент, а тоа значи без подршка на ВМРО-ДПМНЕ, чиj лидер Никола Груевски соопшти дека таа за нив е апсолутно неприфатлива и воопшто сите досегашни и нови хибридни договори, кои би ги наметнувала некоја странска сила од страна на меѓународната заедница. Сега имаме ветување од лидер кои контролира 51 пратеник во 120. члениот македонски парламент, што значи дека буквално ништо без ВМРО-ДПМНЕ неможе да се направи како во вид и на Албанската пратформа така и во вид на било каков нов иден договор или досегашните спроведувања, односно финализација на некои останати делови од досегашните договори, како тоа некои се обидува сеуште да го претстави како жив Охридскиот рамковен договор така и Пржинскиот еден и втор пржински договор, бидејќи имавме и лани и прелани прижински договори. Едноставно ништо неможе без ВМРО-ДПМНЕ, и тоа се разбира оди во полза на македонските граѓани, односно на македонците и македонскиот етникум, бидејќи во собранието и според признание на опозициски политичари од страна на СДСМ и новинари кои се блиски на нив, во македонското собрание, само ВМРО-ДПМНЕ ја претставува македонската опција, односно македонскиот гласач, бидејќи СДСМ како што самите се претставуваат се втора гласачка сила на албанците, односно по моќ, први се ДУИ и сите останати ДПА, Алијанса на Албанците и БЕСА, значи буквално тоа придонесува и во овие преговори да има различни информации и забрани кои доаѓаат од тоа дали и кој ќе формира влада. Според моите очекувања реално има само две сценарија кои можат да се развијат, а тоа е или ВМРО-ДПМНЕ во останатите два дена со ДУИ како традиционални партнери победници во албанскиот и македонскиот блок да се договорат да формираат влада, можеби уште со некој дали ќе биде тоа ДПА или некој друг од помалите партии од албанците да формираат влада, а втората варијанта е да неможе ниту ВМРО да создаде, ниту СДСМ да создаде парламентарно мнозинство, а со тоа да се оди на нови парламентарни избори, каде без инжинеринот кој го спроведе тоа крило на ЦИА, во кое треба американскиот амбасадор Џес Бејли, како и пред се поранешниот американски амбасадор Филип Рикер, едноставно без притисоци, купување на гласови, едноставно македонските граѓани на едни слободни избори да си го дадат својот глас реално, и потоа да имаме еден јасен резултат, јасен победник кој без никакви притисоци би можел да си состави влада.

Ваш став за изјавата на Хан за широка влада, за која вчера реагираше и претседателот на ВМРО НП Љубчо Георгиевски кој ја поддржа таквата идеја, велејќи дека без разлика дали ДУИ би составил влада со ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, процесот на блокади и натамошни поделби ќе продолжи и во иднина. Ваквото мислење го дели и Стојан Андов, кој вели дека широка коалиција е потребна за решавање на важни прашања кои бараат двотретинско мнозинство..

За среќа во светот на живите, мртвите неможат да одлучуваат, па така „мртви“ политичари како Георгиевски и Андов апсолутно неможат нешто да кажуваат, ниту пак да одлучуваат, за тоа како и што ќе се одвиваат работите на македонската политичка сцена. Изјавата на Хан е двосмислена бидејќи, за се што досега во изминатите две ипол години од постоењето на македонската политичка криза, е двосмислено со цел така да се внесува дополнителна забуна во општеството, па така вчера на изјавата на Хан имаше дообјаснување од неговата портпаролка, која рече дека всушност Хан мислел дека е потребно апсолутно мнозинство кога станува збор за решение и закони кои се однесуваат на најважното прашање за Република Македонија, а тоа е Евроатланската интеграција, а тука знаеме сите дека буквално сите партии што се денеска застапени во македонското собрание имаат јасен и едномислен став дека македонската иднина е во Евроатланска интеграција, односно интеграција во ЕУ и НАТО, така го толкуваше портпаролот ставот на Хан, а се разбира тоа е во дел од неговата изјава, а во вториот дел се чувствува дека има јасен став дека тој бара и очекува да има широка коалиција која апсолутно според моето мислење, ако како таква се формира од сите партии, Владата на Република Македонија, не што нема да се решат проблемите, напротив дополнително ќе се заплетка ситуацијата од која корист имаат они кои не сакаат да постои македонска држава и затоа се освен влада на победниците како елемент од мајскиот договор 2008 година, или спроведување на нови избори без меѓународен инжинеринг ќе биде пораз за македонската држава воопшто.

Дали Никола Груевски повторно ќе биде премиер на Република Македонија?

Со овој состав на македонскиот парламент мислам дека ќе има простор за да се врши огромен притисок тој да не биде. Знаеме дека СЈО против него нема покренато обвинение за сериозен криминал, имаат обвинение за некакви „шамари“ што во приватен разговор се разговарале, кои никогаш не случиле, никој не бил повреден од неговите зборови, што значи тој е лице за кој нема ниту обвинение за криминал, значи од таа страна тој може да премиер, плус е и лидер на победничката партија, го има мандатот кај себе. Знеме дека е огромен меѓународниот притисок бидејќи во Европа, во ЕУ има страв од силни лидери, а тоа дефинитивно кога станува за западниот Балкан и југоисточна Европа, еден од нив дефинитивно е Никола Груевски. Едноставно се врши целиот притисок тој да не биде премиер, со овој комплет во македонското собрание многу е полесно да се прави притисок, и во случај ВМРО-ДПМНЕ да ја состави владата, тој да не биде премиер, па затоа некако логички, доаѓа заклучокот дека на македонската политичка сцена и воошто во македонската држава се можни многу брзо нови избори на кои што апсолутно без меѓународен притисок ВМРО-ДПМНЕ очекува да оствари далеку поголема победа, а потоа Никола Груевски без никаков проблем да застане на чело на идната македонска влада.

Што се однесува до СЈО, Груевски во интервјуто за „Дневник“ кажа дека ВМРО-ДПМНЕ како партија, нема да дозволи продолжување на мандатот односно рокот на Специјалното Јавно Обвинителство, додека ДУИ од друга страна пак најави продолжување на мандатот. Како ВМРО-ДПМНЕ ќе изнајдат решение по ова прашање?

Не знам како ќе изнајдат решение, но она што знам, дека во институциите на Европската Унија, знам дека до европските избори во 2019 година СЈО треба да постои како политичка против сила односно противтежа на ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго, не како обвинителство кое треба да обелодени некаков криминал што произлегол во таканаречените нелегални телефонски разговори, едноставно улогата која меѓународната заедница, од тој воено-политички лев естаблишмент од американската администрација кои имаат свои конфликт и тука во рамки на Европската Унија, е дека СЈО треба да биде само политички противник или политичка контратежа на ВМРО-ДПМНЕ и со јасен план во иднина набрзо СЈО и да стане дали политичка партија или неговите главни обвинителки да станат политички фигури околу кои ќе се изгради партија или движење за да се понудат како политичка понуда на граѓаните, па во иднина можеби и некој од нив да е и кандидат за претседател или висок раководител на некои од државните институции. Се друго, значи СЈО видовме и досега од сите поднесени обвиненија, покажува дека тоа е тело кое нема апсолутно врска со некакво правно разрешување на настанатите околности од нелегалните телефонски разговори, едноставно затоа и очекувам дека тоа е последната кукла на Џорџ Сорос, на левиот политички естаблишмент на американската шпиунска агенција ЦИА која сеуште ќе  инсистира да постојат, дали после три месеци кога им истекува рокот за поднесување на обвиненија истиот ќе биде продолжен или пак досега поднесените обвиненија потоа со разни одолговлекувања ќе се одолжува при судењата па се да траат и во наредните две години.

поврзани објави

Последни објави