Уредник на македонско емисија на радио во Вулонгонг, Австралија, тврди дека македонската влада барала блокада на песната “Народе македонски” во етер.
“Некој смртно се исплашил од македонската народна песна “Народе Македонски” од групата Билјана која за почеток-најава ја пуштаме на Радио програмата од Вулонгонг-Австралија секоја Недела попладне од 18-20 часот а се слуша и преку интернет мрежата насекаде во Светот ако не побарате на нашиот линк њњњ.воџфм.орг.ау…
Некој сакал да не се слуша Народе Македонски и пријавил на ФБ дека немаме право да ја пуштаме таа песна која повикувала на некакво насилство итн.. Бевме ставени на “муте” од интернет мрежата, според нашите разговори со нив работата се расчисти донекаде а забраната била побарана од надлежните органи на Р.Македонија. Чудна работа,се исплашиле од една двочасовна радио програма која се емитува од крајот на Светот”, тврди Петер Темелковски од Вулонгонг.
Често пати се случува поради одредени песни да бидат блокирани поради непочитување на авторски права или да бидат блокирани поради промоција на насилство или секс.
Доколку се потврди тврдењето на Темелковски ова ќе биде орв случај една влада да бара блокада на народна песна поради насилство.
Австралиските власти предходно најавија дека Македонците во оваа земја во иднина ќе ги нарекуваат Славомакедонци ако помине Преспанскиот договор.
Извор: Експрес