Секој човек, без разлика на годините посакува да има бели заби. Но, често во пракса по одреден период, забите доколку не ги штитиме, добиваат жолта боја.
Доколку тоа сакате да го избегнете, пожелно е да избегнувате одреден вид на намирници, кои се сметаат за најголемо зло на белите заби кои ги трансформираат во жолти.
Во петте примарни лоши намирници за белите заби спаѓаат кафето, кари, сос од домати, газирани пијалоци и соја сосот. На овие им се додаваат уште пет, помалку значајни, а тоа се чај, цвекло, бобинки, оцетот балсамико и црвеното вино.