-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Научниците со експеримент: ќе се произведува пиво на Месечината?

И додека многу луѓе воопшто не сакаат да ја посетат Месечината, тим научници од Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего има намера да испрати летало кое би требало да ферментира пиво до единствениот природен сателит на Земјата.

Според најавите од Универзитетот, вселенско летало ќе го достави лунарниот ровер во кој ќе се прави пиво до неговата дестинација подоцна во 2017 година. Опремата која ќе биде во леталото ќе се активира. Вентилот што ќе го одделува неферментираното пиво од квасецот во еден оддел, а во друг двете состојки ќе може да се спојат.

Ферментацијата и карбонација треба да се случат истовремено, што значи дека нема да има остаток јаглерод диоксид за фрлање. Откако пивото ќе има време да ферментира, остатокот од квасецот ќе потоне во друг дел од леталото. Во зависност од исходот, научниците ќе одлучат дали да продолжат да развиваат храна и лекови што содржат квасец на површината на Месечината.

поврзани објави

Последни објави