-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Серена Вилијамс нов владетел на Австралија Опен

Американката Серена Вилијамс е нов владетел на отвореното првенство на Австралија во тенис. Денеска таа во сестринскиот дуел ја победи Венус Вилијамс со 2-0 во сетови 6-4 и 6-4.

За 35-годишната Серена ова е седма победа во Мелбурн. Со ова титула Серена е рекордерка по бројот на освоени Грем слем турнир, минувајќи ја легендарната Штефи Граф.

Серена брзо го одзеде сервисот на нејзината сестра Венус и со еден брејк го приведе првиот сет кон крај (6-4). Многу понеизвесно беше во вториот сет, па дури во седмиот гем Серена направи брејк и го зададе завршниот удар. Таа сервираше беспрекорно, подели 12 аса и во ниту еден момент не и дозволи на Венус ни во еден миг да биде конкурентна.

Серена од понеделник го презема првото место на АТП листата на местото на Германката Кербер.

поврзани објави

Последни објави