6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски: Новата Влада ќе соработува со администрацијата на Трамп

Мандатарот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за „Телеграф“ изјавил дека новата Влада на Република Македонија ќе биде во тесна комуникација и соработка со новата администрација на САД, која ќе биде назначена од Трамп.

„Наш приоритет и цел останува членството во НАТО и во Европската унија при што важна е соработката со нашите партнери САД и Европа за остварување на стратешките цели на државата”, изјавил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Во анализата на „City News“ од Тирана, се вели дека албанците во Македонија ги интересирало членството во НАТО како важен стратешки фактор, а ВМРО-ДПМНЕ би можело да најде заеднички јазик со Грција со помош на администрацијата на Трамп, бидејќи Груевски бил во добри односи со Мајк Пенс.

поврзани објави

Последни објави