Оваа мала држава има површина од 23.200 километри квадрадтни и е најмала во Африка со помалку од еден милион жители.
Џибути е поранешна француска колонија, па не е чудно што Франција и понатаму има воени бази во таа земја. Меѓутоа, таму бази имаат и САД, како и некои европски и азиски држави, а се градат и нови.
По терористичките напади на 11 септември, САД на Џибути го направија кампот Лемониер – своја единствена трајна воена инсталација во Африка.
Италијанците, исто така имаат своја база додека Германија и Шпанија често се „на гости“ кај Французите. Своја база во Џибути направи и Јапонија, а минатото лето тоа го направи и Кина.
Постојат шпекулации дека и Индија ја разгледува опцијата да направи воена база во овој дел од Африка. Доколку тоа се случи, тогаш секоја светска сила, освен Русија, ќе има своја база во Џибути.
Бруно Макаеш, португалски политичар и научник напиша текст за „Политико“ на тема „Војните кои ни доаѓаат“.
Тој вели дека таму ќе почне третата светска војна. Португалецот опишува дека при својата посета во Џибути видел кинески и американски војници како ја фотографираат воената опрема на нивните противници.
Зошто баш Џибути?
Оваа држава се наоѓа блиску до конфликтните зони во Африка и на блискиот исток. Воените удари од Џибути може да стигнат до Сомалија, Судат, Јемен, Сирија и Ирак за неколку минути.
Џибути исто така се наоѓа блиску до Суетскиот канал, еден од најгустите со сообраќај и честа мета на пиратите.
Што ако дојде до војна помеѓу земјите со бази на Џибути?
Одговорот на ова прашање не е јасен, а многу од тоа зависи и природата на потенцијалниот конфликт. Доколку Индија направи база во Џибути, тогаш секој иден можен конфликт би се проширил на таа територија, затоа што Џибути е од големо значење на Кина.
Во сценариото на конфликт помеѓу САД и Кина во јужното кинеско море, нивните бази во Џибути сигурно ќе бидат ставени во состојба на подготвеност.