Синот на легендарниот Том Џонс едвај преживува и спие во прифатилиште за бездомници .
Момчето официјално никогаш не било признаено од славниот татко и покрај позитивната ДНК анализа. 29 – годишниот музичар Џонатан Беркери , иако е биолошки син на Том Џонс никогаш не го запознал лично својот татко .
Тој живее во прифатилиште за бездомници во Њу Џерси во просторија што ја дели со 30 мажи .
Затоа , неговиот татко пред извесно време ја продаде луксузната вила во Лос Анџелес за неколку милиони долари .
Џонатан е роден во вонбрачна врска на Том Џонс со манекенката Катрин Беркери . Тој не го сакал детето , но Катрин повела судски спор за докажување на татковство .
Том Џонс со својата сопруга има син Марко .
За Џонатан рекол дека не го планирал и затоа нема зошто да го прифати или да му помогне.