Данската компанија позната по производство на прозорци понуди решение за сите оние кои не можат да си дозволат балкон.
Станува збор за прозорец кој во два патега се претвора во мини балкон.
Кога конструкцијата ќе се заврши, корисникот ужива во прозорец со голема стаклена површина која обезбедува многу светло.
А доколку сака балкон, најпрво треба горниот дел од конструкцијата да го подигне за 45 степени.
После тоа едноставно го извлекува долниот дел од прозорецот кој автоматски се зацврстува заедно со оградата.
Само неколку секунди се потребни за непречен поглед од балкон.