Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес е нормализиран.
„Македонија пат“ излезе на терен и во најбрз можен рок го санираше проблемот, па сега сообраќајот повторно се одвива по две ленти. Едната сообраќајна лента беше затворена поради одрон на карпи.