3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Пукање на познатото летувалиште – Туристи едвај спасиле жива глава

Според тврдењата на сопствениците на новинската агенција на Дубровник во неделата во 14 часот на патот Котор-Рисан во местото Дражин врт, пукано е на комбе кое превезувало туристи.

На минибусот „рено мастер“ со хрватски регистерски таблички скршени му се задните стакла.

Сопственикот на минибусот, кој побарал анонимност со оглед на тоа дека редовно превезува туристи, наведува дека за среќа никој не настрадал, ниту е повреден некој од туристите, пишува Дневни вести.

Тој тврди дека на минибусот е пукано од тераса на една зграда, која се наоѓа покрај магистралниот пат покрај кој минувале. Според неговите зборови, неодамна две момчиња на возраст од околу 18 години скокале по терасата со кренати три прсти и дека токму од истата тераса е пукано врз минибусот. Тој претпоставува дека е пукано од малокалибарски пиштол.

Сопственкот на минибусот тврди дека случајот го пријавил на првата полициска патрола која ја сретнал, но останува непознато зошто не останал на лице место и не повикал увид од которската полиција.

Од Упрвата на полицијата за хрватските медиуми велат дека ќе повикат сообраќајна патрола на Полициската станица Херцег Нови да се изврши увид и да се направи записник за штетите на возилото.

поврзани објави

Последни објави