4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Не сака да ги експонира многу во јавноста – ова се децата на Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ својата приватност ја држи далеку од очите на јавноста, па така ретко кој знае дека Вучиќ е татко на три деца и има прекрасна сопруга.

Тамара се омажила на Вучиќ во 2013 година, а јавноста ја заинтригирала со атрактивниот изглед.

Најстариот син на Вучиќ има 20 години, а на почетокот на годината беше во центарот на вниманието кога на друштвените мрежи се појави фотографија на која се наоѓа меѓу неколку водичи на навивачи на Партизан осудувани за тешки казнени дела. Татко му тогаш застана на негова страна и кажа дека тој не сторил ништо лошо.

На својата ќерка Милица, претседателот на Србија е навистина горд, а тоа се видело и минатата година кога објавил фотографија на својот Твитер профил со опис „Сонце татино“.

Милица на фотографијата е облечена во траиционална руска носија, апричината за фотографирањето е свеченото прогласување на победникот на Олимпијадата по руски јазик, физика, хемија и амтематика во Руското училиште, на која учествувала и Милица.

Освен нив, Вучиќ има уште еден син, малиот Вукан кој со сопругата Тамара го добија минатата година.

поврзани објави

Последни објави