10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Златко Ориѓански: 10 години кажувам дека Албанците во Македонија се нејзин најпрогресивен и најжив дел

Откако се појави информацијата дека Дуа Липа ќе одржи концерт во Скопје, за поддршка на референдумот, со свој став излезе и македонскиот композитор и некогашен член на групата Анастасија, Златко Ориѓански.

Тој на својот профил на Фејсбук, го поздрави можниот концерт на атрактивната музичка ѕвезда.

„Дуа Липа ќе одржи концерт во Скопје за поддршка на референдумот, преговорите се на самиот крај. Средствата за концертот ќе бидат обезбедени од албанската дијаспора.

Фала Богу некој да се сети! За време и после вмровската катастрофа, десет години кажувам дека Албанција во Македонија се нејзиниот најпрогресивен и најжив дел, ама повеќето се смеевте“, напиша Ориѓански на својот профил.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави