Галама здраво, се викам Јана. Работам во едно големо Јавно претпријатие со преку 2000 вработени, кое е поделено на неколку подружници. Ние кои работиме во една подружница, на пример Скопска, се познаваме меѓу себе, но со оние колеги од другите подружници послабо контактираме и со многу не се ни познаваме.
Шанса за запознавање се само некои собири, како на пример синдикалните спортски игри кои најчесто се одржуваат во некој друг град, како на пример Охрид, но јас искрено досега не сум одела на таквите настани. Што поради тоа што и не сум некој спортски тип, што поради љубомората на мажот ми, кој сигурно не би ме пуштил.
Колешките ми раскажувале многу згоди и незгоди кои се случувале на таквите собири, но и пикантерии кој со кого се «смувал», моабети од кои искрено ми се грозело. Па и да правиш нешто мајко му, мора ли да те гледаат колеги и да те оговараат.
За 8ми март, исто така досега не сум била на прослава, иако во фирмата работам околу дваесет години. Ама лани, незнам зошто, добив силна желба да одам и да се подружам малку. Незнам, имам 42 години и во последно време изгледа хормоните си го прават своето, па правам работи на кои во минатото не сум ни помислувала.
Еве што се случи:
Претпријатието организираше осмомартовска прослава во еден ресторан во населба Аеродром, во близина на војниот базен, не ми текнува на името. Прославата почнуваше во 8 часот. Му кажав на сопругот дека сакам да одам и како за чудо тој не ми направи проблем, ок рече, кажи кога сакаш да дојдам да те земам.
Јас глупавата наместо да му речам ќе ти се јавам кога да дојдеш по мене, му реков дојди точно во десет и земи ме, пошто колешките ми рекоа дека прославата ќе трае до кај десет. (Подоцна видов дека во десет тек почна). Шо ѓаол ме натера, уште кога стигнавме, испив две вотки, сечени со џус, уствари ме натера мојата најдобра пријателка од работа, со моабетот: Ајде ма, еднаш се живее, да се опуштиме…
Па ми нарача и трета пијачка. Можам да кажам дека веќе во девет почувствував дека сум потпијанета, бидејќи јас речиси воопшто не пијам алкохол. Почнаа оние народни песни и да играат ора и чочеци, од што мене реално ми се лоши и нормално не станав да играм. Но потоа ја свртеа музиката на екс ЈУ и тука веќе јас така потпијанета стабав да играм.
До мене се залепи еден црн дечко, подоцна дознав дека ни бил колега од Штип и дека бил претседател на синдикалната организација од Штип, па затоа и тој бил тука. Се нешто се лепеше до мене, а на некои побрзи ритами ми ги фаќаше рацете и како да сакаше да играме, да ме врти, ли што ти јас знам.
Во еден момент почна толку многу да ми се врти, што мислам дека ќе загубам свест, всушност реално, бев веќе многу пијана. Тргнав да седнам, но Дејан, колегата ми рече, сакаш ли да излеземе малку надвор на воздух, идеја што во тој момент ми изгледаше одлична за малку да се освестам.
Арно ама, лани за 8ми март, температурите невооничаено за тој дел од годината беа многу ниски. Јас се сеќавам дека излеговме надвор и после тоа веќе не се сеќавам едно половина час што се случувало. Отворив очи кај Дејан во кола. Збеснав! Го прашав што бараме во кола и колку е часот, ми рече околу 10 и дека ме внел во кола бидејки ми било лошо, за да одморам малку.
Почнав да му се дерам и да го обвинувам дека сакал да ме искористи напиена, а тој се правдаше дека не мислел ништо лошо и дека не направил ништо лошо. И верувам дека е така, но што ќе се случеше ако во меѓувреме налеташе мажот ми. Среќа што малку подзадоцни и пристигна во 10 и петнаесет минути.
Јас во тие десетина минути влегов во купатило, се потсредив малку и од страв речиси се отрезнив. Влегов кај колешките, а тие (за срамота) онака си потшепнуваа меѓу себе, сигурно веќе почнале да ме оговараат. Се поздравив и излегов, сопругот беше веќе надвор и ме чекаше. Влегов во кола, а тој веднаш ме примети и ми рече: Си пивнала, си се развеселила а!
Ама расположен беше и не продолжи да ме распрашува. Јас нормално му реков дека сум испила една вотка и дека грозно сум си поминала и дека никогаш повеќе нема да одам на осмомартовска прослава. И ден денес се прашувам, што бараат мажи да слават 8. Март, што се бутаат така манијакално и прават проблеми?
Замислете, замислете што можеше да ми се случи, да ме фати маж ми во ситуација која реално не значеше ништо, но ќе ми се растуреше семејството, а имам две деца.
Обработи: Петар П.
Фото: илустрација
Името и презимето познати на редакцијата. Овој текст е авторски и е превземен со согласност од редакцијата на Галама.