Британецот кој бил бездомник, а сега е милионер решил да помогне на луѓето кој се наоѓаат во слична животна приказна во која некогаш тој бил.
Марко Робинсон (48) поклонува потполно опремен трособен стан кој вреди 120 илјади фунти во Престон. Тој во наредните шест недели ќе снима документарна серија и ќе го одбере победникот.
Сите заинтересирани можат да се пријават, но непходно е да имаат британско државјанство и да живеат во Британија.