11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

БРОЕВИТЕ ЈА ОТКРИВААТ ВАШАТА СРОДНА ДУША: Дали сте еден за друг?!

Нумерологијата е универзалниот јазик на броеви, и секој од нас е роден со уникатен сет на броеви кои ја отклучуваат вратата за длабочините на нашата личност, откривајќи како ние соработуваме со другите, лекциите кои мораме да ги научиме и како да се справиме со предизвиците и животот воопшто.

Вашиот личен број е претставен во збирот на вашиот датум на раѓање. Добиениот број ја претставува вашата личност, вашиот избор на животен стил, а воедно ќе открие колку сте компактибилни со вашиот партнер, како и броевите кои треба да се избегнат, но и со кои може да се постигне хармонична врска.

Личниот број пресметајте го така што ќе го додаете вашиот датум, месец и година на раѓање, и ако добие мулти – цифрен број, претворете го во едно цифрен број.

Истата постапка се применува на датум на раѓање на вашиот партнер.

Пример за родените на 17.12.1983.

1+7+1+2+1+9+8+3 = 32

3+2 = 5

Вашиот личен број е 5.

БРОЈ 1.

Вашата моќ:

Родени сте како лидер. Во текот на животот се стремите кон првите позиции. Вие сте амбициозни, храбри и имате силна волја. Одите исправено, гордо и секогаш сакате да бидете први и најдобри.

Вашата слабост:

Вашата слабост: Вие сте тврдоглави и понекогаш себични, не сте подготвени за компромиси кои негативно можат да влијат на вашата љубовна врска. Често ги прекршувате правилата и знаете да бидете нетрпеливи и љубоморни.

БРОЈ 2.

Вашата моќ

Вашата моќ: Посветени сте на исполнување на потребите на другите, вие сте дарежливи и лојални. Лесно простувате и имате разбирање за другите луѓе.

Вашата слабост:

Вашата слабост: Премногу давате, а малку барате за себе, нешто кое може да биде исцрпувачки и да се создаде нерамнотежа во врска со вашиот партнер. Кога ќе научите да застанете зад себе и зад вашите потреби, ќе бидете посреќни во врската.

БРОЈ 3.

Вашата моќ: Вие сте симпатични, комуникативни, креативни и секогаш гладни за знаење. Имате скоро магичен ефект врз другите и лесно знаете да ги привлечете луѓето во ваша близина. Имате извонредни социјални вештини. Тоа е од суштинско значење за вашата врска, знаете да го изразите тоа што го чувствувате.

Вашата слабост: Треба да станете зрели, да се ослободите од зависноста на некои луѓе, да одлучите за себе и да научите да ја преземете одговорноста за своите постапки.

БРОЈ 4.

Вашата моќ: Во љубовта барате и сакате стабиност. Важно ви е семејството, вашата кариера, финансиската сигурност, но и топол дом во кој ќе се вратите на крајот од денот. Не сакате да го привлечете вниманието на другите, изгледате повлечени и тивки но храбро ја браните својата територија од она што и се заканува.

Вашата слабост: Не сакате да се впуштате во ризик, животот често знае да ви биде монотон и предвидлив.

БРОЈ 5.

Вашата моќ: Динамични сте, енергични, секогаш во движење и нови предизвици. Во потрага сте за постојана емоционална стиумулација и страст. Енергијата е ваша водилка, атрактивни сте и постојано се стремите кон нови искуства.

Вашата слабост: Знаете да биде досадни. Често губите интерес за вашите партнер. Ви недостасува ентузијазам и страст, не сакате да инвестирате во себе со цел да се спротиставите на пречките кои ви го попречуваат патот кон успехот.

БРОЈ 6.

Вашата моќ: Знаете да сакате, се обидувате да ги разберете проблемите на другите луѓе, да им помогнете. Ја прифаќате различноста и сакате да се дружите со луѓе од различна верска, национална или партиска припадност. Топлината на домот, децата и семејството се вашите највисоки вредности.

Вашата слабост: Вие сте премногу нервозни, склони кон чести промени на расположение. Љубомората може да ве натера да направите нешто за кое подоцна се каете. Љубовта значи многу за вас, но ви е тешко да се препуштите на една личност.

БРОЈ 7.

Вашата моќ: Многу размислувате и се трудите секојдневно да ги завршите вашите обврски. Вие сте во потрага по вистинската смисла на животот. Не сакате да се врзувате за личностите од минатото и се борите за сериозна врска, која ќе обезбеди сигурност и заштита.

Вашата слабост: Често знаете да бидете љубоморни, да се карате со вашите партнери. Вашата нервоза е честа појава. Не сте сигурни, не сте лесно достапни, изгледате доста незаинтересирано а личноста која сака да воспостави контакт со вас мора да ги урне вашите одбранбени ѕидови.

БРОЈ 8.

Вашата моќ: Имате високо зацртани цели како во работата, така и во љубовта. Вие сте објективни и знаете добри да ги процените другите луѓе.

Вашата слабост: Тендецијата на контрола и самоконтрола и емоционалната несигурност ја блокираат вашата среќа во вашиот живот и вашата љубов. Доколку бидете опуштени, тогаш ќе се најде личност која би можела да ве усреќи.

БРОЈ 9.

Вашата моќ: Вие сте дарежливи, вие сте тимски играч. Вие сте секогаш таму кога вашите пријателите и соседите им треба помош. Романтични сте и склони сте кон идеализирање реалност.

Вашата слабост: Вие не сте задоволни со вашите интимни односи, бидејќи не сте доволно фокусирани на вашиот партнер/ка. Тешко ја заборавате поранешната љубов, не сте доволно отворени и ја криете вашата ранливост.

поврзани објави

Последни објави