Претседателот на партијата ПЦЕР и пратеник во Собранието на Република Македонија Самка Ибраимоски кој е во коалиција со владејачката партија СДСМ, на социјалната мрежа Фејсбук преку коментар му се закани на претседателот на ВМРО НП во Кривогаштани кој преку ФБ статус обзнани дека Општинскиот Комитет на ВМРО НП во Кривогаштани донел едногласна одлука за бојкот на референдумот.
https://www.facebook.com/zoran.graoroski/posts/2252423478161809
– Прв ОК на ВМРО НП кој едногласно донесе одлука за бојкот е ОК ВМРО НП Кривогаштани, стои во постот на Граорски.
Под овој негов ФБ статус, претседателот на ПЦЕР Самка Ибраимовски пишува:
– Добро сте се договориле, ама ќе ги отвориме и тефтерите за вас, па ќе видиме се што имало направено нерегуларно а имате многу, затоа сакате да остане како што е.

Овој коментар на Ибраимоски предизвика лавина од реакции од луѓе кои му порачуваат дека ова е демократска земја, а заканите треба да бидат минато.
– Зоки одлучил така со соработниците. Негово право Имаш ти право да молчиш. РАЗБРА???
Револтираните граѓани го прашуваат Ибраимоски дали има носталгија за едно минато време на тефтерчиња за кои токму тој и неговите коалициони партнери беа гласни критичари и ветуваа дека со доаѓањето на власт ќе заврши времето на тефтерчиња и поделба на граѓаните.

– Какви тефтери ќе отвараш па ти. Со сет ум ли го кажа ова? – стои во една од реакциите под коментарот на Ибраимоски.