17.8 C
Skopje
Tuesday, November 5, 2024

Лубеницата е здрава и штити од болести, но овие луѓе никако не треба да ја јадат

Нема овошје кое подобро ја гаси жедта во летните денови од лубеницата. Иако за неа често велиме дека е овошје, лубеницата всушност е зеленчук.

Лубениците се од семејството тикви и доаѓаат од средна Африка, а можат да бидат долгунасти и округли. Иако можеме да ги најдеме речиси цела година во продавниците, најдобри се за јадење на лето, кога имаат најмногу хранливи состојки.

На 100 гр имаат само 30 калории а содржат многу вода, која на лето ни е многу важна, а исто така се богати со витамини А и Ц, како и со калиум и магнезиум.

Иако сите сакаат студена лубеница, кога ќе ја ставите во фрижидер – таа губи некои својства како ликопен, кој ефикасно штити од болести. Сепак, кога веќе ќе ја пресечете, подобро е да ја чувате во фрижидер.

Високиот удел на Ц витамин во лубеницата му помага на имунолошкиот систем и го скратува времето на опоравување од болести, а ја намалува можноста од срцев удар и рак.

Лубеницата спаѓа во слатките освежувачките плодови богати со шеќери, особено фруктоза и пектином, натриум, калиом, магнезиум, витамин Ц, А, Б1 И Б6. Во исхраната се користи во свежа состојба, но од неа може да се подготват многу сокови, сирупи и слатко, а од семките се вади масло богато со витамин Д.

Но, поради високото ниво на гликемиски индекс, гојазните луѓе не смеат да јадат лубеница во големи количини, а ако не можат да му одолеат на ова слатко искушение, тогаш оброкот со лубеница или наредниот оброк треба да го комбинираат со намирници со низок гликемиски индекс, како што се јаболки, цреши, тиквици, домат, зелен зеленчук, јаткасти плодови, тврдат нутриционистите.

поврзани објави

Последни објави