3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Ние не сме Грци, Бугари нит Турци, порачаа Македонците од Гора на Косово

Македонците во Косово никогаш не биле, ниту кога и да е ќе бидат „Бугари“!

Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) ја отфрла изјавата на министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли за Гораните како „бугарско малцинство“ на Косово. СМИР повторува дека на Косово не живеат Бугари туку Македонци!

СМИР бара Косовската Влада да ги признае Македонците во областите Гора и Жупа и да не подлегнува на софиските притисоци за менување на вистината и историјата за Македонците на Косово!

СМИР, како што пренесува весникот „Илинден“ – Тирана, ја осудува бугарската пропаганда во Косово за денационализација и асимилација на Македонците во „Бугари“. СМИР и натаму повторува дека Македонците во Косово, независно од вероисповедта, се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ!

СМИР потврдува дека најголемиот број Горани имаат македонско државјанство! СМИР апелира Македонската Влада да преземе сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во Република Косово!

поврзани објави

Последни објави