Деновиве главна тема во сите медиуми и портали е дека македонската фолкерка Елена Велевска се разведува поради семејно насилство, како што јавно соопшти самата.
Таа преку својот Фејбук потврди дека покренала бракоразводна парница и одлучила да стави крај на 11 годишниот брак со сопругот Марјан.
Меѓутоа, тешкиот период не ја спречува пејачката да ужива во летото заедно со нејзините деца. Елена периодов е во Охрид каде се освежува во летните денови.
На социјалните мрежи таа сподели неколку фотографии и покажа како се справува со лошиот период, а во еден медиум се појави вест со наслов „Елена Велевска исчезна“. Ова ја изнервира и изреволтира пејачката која во кратките праказни на Инстаграм сподели „принтскрин“ од веста и напиша „ДОСТА Е СО ГЛУПОСТИ“.
ФОТО: ИНСТАГРАМ
Инаку, Велевска продолжува со музичките активности, па работата, децата, но и пријателите сигурно ќе и помогнат да се справи со овој период.
Извор: Вистина