Денеска и утре (четврток) во државава атмосферата ќе биде значително постабилна односно времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност претежно во попладневните часови а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен правец, објави метеорологот Славчо Попоски.
Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи на планините но и во оние населени места кој се во близина на планините.
Во петок и во сабота во попладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.
Според моменталните анализи промена на времето и поголема нестабилност ќе имаме за време на викендот и тоа под влијание на нов циклон.