3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

Многу лоши вести за викендот – Есенскиот циклон Бруно доаѓа кон Македонија –

За време на овој викенд ќе го почувствуваме влијанието на првиот есенски циклон Бруно, вели метеорологот Славчо Попоски.

Во сабота во попладневните часови веќе ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи и засега особено ќе ја има особено на северозапад и запад и тоа на планинските места и во оние населени места кои се во близина на планините додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.

Слични температури ќе имаме и во недела меѓутоа од попладневните часови на повеќе места ќе се развива нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има услови и за поинтензивни атмосферски процеси кои би можело да бидат застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог, електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта недела кон понеделник како и во понеделник.

поврзани објави

Последни објави