30.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

Трамп „обесен“ со знамето на СССР

Кукла со ликот на новоизбраниот американски претседател била „обесена“ на дрво во сојузната држава Индијана од страна на жител на американскиот град Форт Вејн, пишуваат американските медиуми.

Според сознанијата на американските медиуми куклата ја „качил“ американски воен ветерант, но самиот тој одбил да разговара со медиумите. Според жителите на градот, куклата се појавила по инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Тоа е шокантно. Искрено говорејќи, мене тоа не ми се допаѓа“, изјавил за американските медиуми Џаред Пејден.

Локалната полиција изјавила дека не може да стори ништо, бидејќи сопственикот на поседот го користел правото на слободно изразување.

поврзани објави

Последни објави