Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери во изјава за косовката ТВ Дукаѓини истакна дека Ѓорѓе Иванов треба да му го предаде мандатот на претседателот на СДСМ Зоран Заев.
„Иванов мора да мисли и делува паметно, односно демократски, а тоа би значело да не ги следи наредбите од ВМРО-ДПМНЕ. Зоран Заев треба да го добие мандатот и шансата да состави влада“, изјави Џафери.
Во гостување на ТВ21 пак, Џафери открива дека преговорите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се одвивале добро, речиси и имало договор, но проблемите настанале околу СЈО.
ВМРО-ДПМНЕ сака нови избори, СДСМ го чека мандатот. ДР-ДПА пак информираше и Зијадин Села информираа дека ќе блокираат евентуални нови избори, бидејќи со тоа само ќе се продлабочи кризата во државата.