Изведувачот Фарел Вилијамс и неговата сопруга Хелен станаа родители на тројка, соопштија американските медиуми. Според официјалното соопштение на медиумите бебињата и мајката се во добра здравствена состојба.
Во моментов се уште не се знае каков е полот или кои се имињата на тројката. Фарел и Хелен се венчаа во 2013 година и тие веќе го имаат 8 годишниот син со име Роке.