4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Заев: Ако референдумот не успее, завршувам со политика

„Не случајно е создадена коалиција со повеќе од 100 субјекти, повеќе од 30 партии сме за референдумот, скоро целиот невладин сектор е вклучен и бизнис-коморите се вклучени. И, од овој апсект сите политички субјекти, особено големите, како СДСМ и ВМРО не смеат да бидат надвор од овој процес. Има начин како и опозицијата да биде дел од овој процес, може да не се согласува со договорот, но истовремено има обврска да даде придонес во интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО“, изјави премиерот Зоран Заев.

Уверен е дека опозицијата конструктивно ќе постапи во однос на референдумот.

„Како премиер имам мандат до 2020-та година, но ако референдумот не успее, најверојатно завршуваме со нашите политики“, додаде Заев.

Премиерот воедно ја повика и опозицијата да се приклучи во овој процес, бидејќи како што кажа потребно е единство во вакви моменти за државата.

поврзани објави

Последни објави