Во авион на летот за Ибица се случила голема тепачка откако една патничка им играла на патниците и им ги покажувала градите.
Инцидентот се случил на летот од Англија кон Ибица, а оваа необична сцена ја снимал еден од патниците кои вели дека пријателите на жената седеле во задниот дел од авионот и дека била одвоена од групата момчиња.
-И даваа нонстоп да пие, започна да игра и да ги покажува градите, вели патникот.
Тој додава дека пријателите започнале да ја смируваат, но предоцна било.
-Не правеше некој голем проблем, само им одеше на луѓето на живци, летот беше доцна навечер, а во еден момент се скара и со стјуардесите. Во еден момент започна да ги удира и луѓето по глава, а кога допре една девојка, таа и возврати со шлаканица и така започна се, раскажува патникот.
Тој вели и дека акцијата траела се додека не слетал авионот, по што полицијата влегла во авионот и ја одвеле со лисици.