fbpx
8.8 C
Skopje

Заев: Си го знаеме и столчето до кого ќе седиме во НАТО, а тоа е Норвешка

АКТУЕЛНО

Премиерот Зоран Заев на вечерашната трибина во Берово рече дела очекува најдоцна до мај 2020 година Македонија ќе биде полноправна членка на НАТО.

-Очекувам меѓу јануари и мај 2020 година да бидеме полноправна членка на НАТО. Нашето место е до Норвешка, си го знаеме и столчето. Нашиот јарбол е веќе поставен, нашете знаме ќе биде таму.

Две причини се зошто денеска стигнавме до тука. Првата е дека дојде времето, созреа. Втората работа е тоа што ни се случува во регионот. Македонија е многу блиску до Европската унија. Заев како прв во извршната власт, веројано како најинформиран поради позицијата, мора да знаете се, бидејќи треба да донесете одлука. Јас сум економист и најмногу сум дојден економијата да ја решавам.

Овој раст што го имаме не е дововолен, овие реформи не се доволни. Затоа мора да пресечеме и да донесеме важни одлуки. Ни треба раст од 7 посто, од 11 посто. Затоа вака пресекувам, рече Заев.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -